МОМЧЕТО УБИЕЦ ОД „РИБНИКАР“ НАПОЛНИ 14 ГОДИНИ! Коста К. пресметал сѐ пред злосторството, еве зошто брзал да го изврши масакрот!

Да потсетиме, кобниот ден момчето уби деветмина свои врсници и училишниот чувар, а рани уште петмина. Го зел оружјето од сефот на татко му и го носел во ранец за прво да ги убие чуварот, дежурните ученички од петто одделение, а потоа уште шест деца.

559

Коста Кецмановиќ кој на 3 мај изврши грозоморен масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“, денеска полни 14 години и станува кривично одговорен, но не и за делото што го направил само три месеци претходно.

Како што веќе напиша српски Курир, во изјавата што ја дал веднаш по масакрот, момчето детално го објаснило својот план и како пресметало дека нема да одговара кривично. Имено, полицијата на момчето му го одзеде телефонот, но и компјутерите, а целиот материјал е испратен на вештачење.






– Со денови на Гугл го истражувал Кривичниот законик, односно која е старосната граница за одење во затвор во Србија. Токму затоа, како што се сомнева, свесно го избрал тој момент за напад, бидејќи сфатил дека децата до 14 години не одат во затвор и не се кривично одговорни. Практично побрза да направи кривично дело до својот 14 роденден за да не биде кривично гонет – изјави тогаш соговорникот на Курир.

Да потсетиме, кобниот ден момчето уби деветмина свои врсници и училишниот чувар, а рани уште петмина. Го зел оружјето од сефот на татко му и го носел во ранец за прво да ги убие чуварот, дежурните ученички од петто одделение, а потоа уште шест деца.

Тој за време на сведочењето во постапката против неговиот татко преку видео врска откри дека татко му го нарекол психопат!

– Во текот на сведочењето момчето убиец одговараше на прашања за семејните односи. Во еден момент рече „татко ми ми кажа дека сум психопат“, како и „отидовме на стрелиште за да ја поправиме врската и да работиме на тоа“ – вели изворот на Курир, додавајќи дека останало нејасно што му претходело на фактот дека таткото го нарекува својот син психопат.

Инаку, интересно е и тоа што момчето на полицајците кои брзо пристигнале на местото на настанот во ОУ „Владислав Рибникар“ и го прашале зошто го направил тоа, им рекол „Јас сум психопат“.

– Момчето за време на сослушувањето изјавило дека сите во стрелиштето, и татко му и персоналот, го пофалиле дека е „прецизен и добар стрелец“, а одговорот откри и дека „најверојатно немало да реши да пука, доколку не го фалеле толку“ – потсетува изворот.

Бизарно

Она што особено загрижува е што на социјалните мрежи се појави група која бесрамно го величи момчето убиец, а во која корисниците ги одбројуваа деновите до неговиот роденден.

– Десет дена до роденденот, девет дена до роденденот, седум дена до роденденот… Среќен роденден однапред – пишува во објавите во бизарната група, а коментарите се редат под секоја од нив.

Поврзани содржини