МОМЧЕ СО МОТОЦИКЛ УДРИЛО ТРОЈЦА ПЕШАЦИ ВО ОХРИД И ПОБЕГНАЛО Малолетничка завршила во болница со тешки повреди, пронајден е возачот

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила една малолетничка од Охрид, а со телесни повреди се здобиле другиот малолетник од Скопје, М.И., како и мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо" во Охрид.

444

На улицата „Кеј Македонија“ во Охрид, во петокот вечерта се случила сообраќајна несреќа во која 15-годишно момче со мотоцикл удрило во тројца пешаци, меѓу кои двајца малолетници и 18-годишната М.И. од Скопје, по што удрило и во паркиран автомобил и избегало од местото на настанот, соопшти СВР Охрид.

Несреќата се случила на 18 април, во петокот, околу 21 часот.






Возачот на мотоциклот, со охридски регистарски таблички, по кратко време бил пронајден од страна на полицијата.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила една малолетничка од Охрид, а со телесни повреди се здобиле другиот малолетник од Скопје, М.И., како и мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, а случајот е пријавен и документиран.

Поврзани содржини