МОМЧЕ ОД СРБИЈА ИСЧЕЗНА ВО БЕРЛИН Со другарите бил на туристичко патување
Димитрије Ивановиќ (20) од Крушевац во четвртокот сам излегол од хотелот во Берлин во кој престојувал со пријателите и оттогаш му се губи секоја трага.
Давесетгодишно момче од Србија пред четири дена исчезнало во Берлин каде бил на туристичко патување со своите пријатели. Димитрије Ивановиќ (20) од Крушевац во четвртокот сам излегол од хотелот и оттогаш му се губи секоја трага. Семејството бара било каква информација која би помогнала во потрагата. По исчезнатото момче од Крушевац трага и германската полиција.
Мајката на исчезнатото момче, Билјана Маринковиќ вели дека нејзиниот син пред десет дена отишол во Берлин со другарите.
– Тој пред десетина дена замина на туристичко патување со своите пријатели. Последниот контакт со него бил во четвртокот и тогаш рекол дека ќе го напушти хотелот во кој бил со другарите и дека сака малку да остане сам – вели неговата мајка.
Оттогаш на момчето му се губи секоја трага.
– Мојата пријателка го пријави за исчезнат во Берлин, ги проверивме и болниците, го нема. Го понел само пасош, излегол по влечки. Телефонот го оставил во хотелот – вели неговата мајка.
Во потрагата по момчето покрај герамнската, вклучена е и српската полиција.