Момче од Радовиш си ја силувало бабата

Судијата нa претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, се вели во соопштението.

1,353

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за кривични дела – Обљуба врз немоќно лице од член 187 став 1 и Родосквернавење од член 194 став 1 од Кривичниот законик, наведено е во соопштението.

„Осомничениот 24-годишен жител на радовишко село, на 2 јули, во дворот на семејната куќа, извршил обљуба врз неговата 72-годишна баба, злоупотребувајќи ја нејзината немоќна состојба на болна жена со инвалидитет и моторен дефицит, поради кои не била во можност да се одбрани. Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата нa претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини