МОЛОТОВИ И СОЛЗАВЕЦ ПРЕД ПАРЛАМЕНТОТ ВО АТИНА Генералниот штрајк на синдикатите ќе трае 24 часа (ВИДЕО)
Демонстрантите со кои поразговара дописничката на МИА од Атина, велат дека ја имаат најлошата Влада, која треба веднаш да си замине и дека не можат со месечните приходи да ги издржат поскапувањата на цените. Двата најголеми грчки синдикати на вработените во приватниот (ГСЕЕ) и државниот сектор (АДЕДИ), во шест часот утрово почнаа 24-часовен генерален штрајк, што ја парализира земјата, а паралелно одржаа и протест.
Инциденти се случија на протестот во центарот на Атина кога група маскирани лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели пред грчкиот Парламент, а специјалните полициски сили одговорија со солзавец и шок бомби, јави дописничката на МИА од Атина.
Инцидентите иако интензивни, трае кратко, по што продолжи протестниот марш низ улиците во Атина.
Протестот во грчката метропола во рамките на генералниот 24-часовен штрајк организиран од синдикатите беше еден од помасовните во изминатиот период со учество на илјадници граѓани кои го кренаа својот глас за зголемување на платите, за колективни договори и хумани услови за работа, но и „да се стави крај на политиката која ги прави богатите побогати, а сиромашните посиромашни”.
Демонстрантите со кои поразговара дописничката на МИА од Атина, велат дека ја имаат најлошата Влада, која треба веднаш да си замине и дека не можат со месечните приходи да ги издржат поскапувањата на цените.
Двата најголеми грчки синдикати на вработените во приватниот (ГСЕЕ) и државниот сектор (АДЕДИ), во шест часот утрово почнаа 24-часовен генерален штрајк, што ја парализира земјата, а паралелно одржаа и протест.
Заедно со синдикатите учествуваа и опозициските партии СИРИЗА, ПАСОК-Движење на промена и МЕРА25, како и нивните лидери.
Molotov cocktails thrown at a protest in #Athens #athensprotest #Greece pic.twitter.com/EMSvnrkEVe
— Zabby (@ZabbyYT) November 9, 2022
Засебен протест одржа синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија на Грција.
Штрајкот што почна во шест часот утрово создаде проблеми во бродскиот, авионскиот и железничкиот сообраќај, како и во јавниот превоз во Солун и Атина, а во грчката метропола, денеска нема да сообраќаат ни такси возилата.
BREAKING 🇬🇷 :Protesters Hit Streets in #Athens Over Cost of Living
Protesters throw Molotov cocktails, police fire tear gas
Trade unions have called for the 24-hour walk-out to protest against soaring energy costs, inflation & the rising cost of living#Greece #Inflation pic.twitter.com/WFRKTdY5Ay— Zaid Ahmd (@realzaidzayn) November 9, 2022
Бродовите 24-часа се закотвени на пристаништата, има промени како во железничкиот, така и во авионскиот сообраќај, а во Атина иако беше најавено дека метрото и автобусите неколку часа ќе прекинат со работа, доцна синоќа нивниот штрајк беше прогласен за незаконски и одговорија со 24-часовен штрајк.
Грција денеска е и без вести и информативни емисии, поради учеството на новинарите во штрајкот, а нема да функционираат ни јавните служби и државните институции, но затворени ќе бидат и некои од продавниците.
Протести се одржаа и во други грчки градови.