МОЛЕТЕ СЕ ЗА БЕНЕДИКТ, МНОГУ Е БОЛЕН Папата Франциск даде изненадувачка изјава

Франциск ја даде изненадувачката изјава на крајот од неговата општа аудиенција и не откри дополнителни детали за состојбата на Бенедикт.

371

Папата Франциск денеска изјави дека поранешниот папа Бенедикт е многу болен и ги повика верниците да се молат за него.

Франциск ја даде изненадувачката изјава на крајот од неговата општа аудиенција и не откри дополнителни детали за состојбата на Бенедикт.






Во 2013 година, Бенедикт стана првиот папа по околу 600 години кој абдицирал. Оттогаш живее во Ватикан.

– Би сакал да ве замолам сите вас да упатите посебна молитва за поранешниот папа Бенедикт, кој во тишина ја зајакнува Црквата. Да се ​​потсетиме на него. Тој е многу болен – рече Франциск.

Засега нема официјален коментар на Ватикан за здравствената состојба на Бенедикт.

Поврзани содржини