Модриќ: Сакам да ја завршам кариерата како „крал“

Да одлучев сега, ќе ја завршев кариерата во Реал Мадрид - изјави хрватскиот репрезентативец за „Марка“.

220

Играчот за врска на Реал, Лука Модриќ проговори за неговата желба да ја заврши фудбалската кариера во мадридскиот клуб.

– Секако, би сакал да останам во Реал. Мадрид е мојот дом, сакам да го обновам договорот со клубот. Сепак, сè зависи од партнерите и тренерот, не сакам да бидам товар. Мојата сопруга и децата го сакаат Мадрид, ние би сакале да останеме тука откако ќе го завршам фудбалот. Да одлучев сега, ќе ја завршев кариерата во Реал Мадрид – изјави хрватскиот репрезентативец за „Марка“.






Модриќ игра за Реал Мадрид од летото 2012 година. Договорот на 35-годишниот Хрват со Кралскиот клуб завршува во летото 2021 година.

Поврзани содржини