МОДРИЌ ЛУТ ГО НАПУШТА РЕАЛ? По прошталниот натпревар искарал двajца соиграчи дека „се сокриле“
Хрватскиот репрезентативец им рекол на соиграчите дека не се труделе доволно пред сè во одбраната, играле без желба за победа и едноставно „се сокриле“ на теренот кога било најпотребно. Тоа не им се допаднало на двајцата кои реагирале и дошло до мал конфилкт на сега веќе поранешните соиграчи.
Лука Модриќ нездоволен од пристапот на дел од соиграчите на неговиот последен натпревар во Реал Мадрид лут го напушта клубот. Поразот од ПСЖ со 4:0 е само еден неубав момент во неговата блескава кариера во дресот на „кралскиот клуб“ каде за 13 години освои 28 пехари, а шест од нив Лигата на шампионите.
Хрватскиот репрезентативец по завршувањето на натпреварот бил бесен и како капитен на тимот „го кренал гласот“ против две ѕвезди во тимот, па дури и на прошталниот натпревар се покажал како лидер.
По дуелот со ПСЖ имал забелешки за пристапот кон играта кон Винисиус и Џуд Белингем. Едноствно им рекол дека не се труделе доволно пред сè во одбраната, играле без желба за победа и едноставно „се сокриле“ на теренот кога било најпотребно. Тоа не им се допаднало на двајцата кои реагирале и дошло до мал конфилкт на сега веќе поранешните соиграчи.
Тоа беше последен натпревар на Модриќ во дресот на Реал Мадрид, а во новата сезона најверојатно последна во кариерата ќе настапува за италијанската екипа Милан.