МОДЕРНА СОЗДАВА ДВОЈНО ПОВЕЌЕ АНТИТЕЛА ОД ФАЈЗЕР Студија која меѓу првите ги споредува антителата
Не е испитано дали разликите во антителата довеле до разлика во ефикасноста на вакцините. И двете вакцини беа повеќе од 90 отсто ефикасни во завршните клинички испитувања.
Вакцината на Модерна создава повеќе од двојно количество на антитела во споредба со вакцината на Фајзер/Бионтек, се наведува во истражувањето кое ги споредувало имунолошките одговори предизвикани по две дози имунизација против коронавирусот.
Студијата е една од првите која ги споредила нивоата на антитела кои ги произведуваат двете вакцини, кое се смета за една од клучните компоненти на имунолошкиот одговор. Не е испитано дали разликите во антителата довеле до разлика во ефикасноста на вакцините. И двете вакцини беа повеќе од 90 отсто ефикасни во завршните клинички испитувања.
Истражувањето го испитувало нивото на антитела, таканаречени спика протеини на коронавирусот кај околу 1.600 работници во големиот белгиски болнички систем, чии примероци на крв се анализирани 6 до 10 недели по вакцинацијата. Учесниците пред вакцинацијата не биле заразени со коронавирусот. Нивото меѓу тие кои примиле две дози од вакцината на Модерна било во просек 2.881 единица по милилитар, во споредба со 1.108 единици по милилитар меѓу тие кои примиле две дози на Фајзер.
Резултатите кои се објавени во понеделникот во писмо во Journal of the American Medical Association, сугерираат дека разликите можат да се објаснат со поголемото количество активната состојка во вакцината на Модерна – 100 микрограми, наспроти 30 микрограми кај Фајзер/Бионтек – или поради подолгиот интервал помеѓу дозите на вакцината на Модерна – четири недели, наспроти три недели за Фајзер/Бионтек.
Надворешни истражувачи изјавиле дека е прерано да се заклучи дека разликата во нивото на антитела е медицински важно.
– Повикувам на внимателност при донесување на заклучок бидејќи Модерна во просек покажа нешто поголемо ниво, дека нејзината ефикасност поспоро ќе ослаби – вели Давид Бенкесер, биостатистичар од Универзитетот Емори, во е-порака. Таков заклучок бара низа претпоставки кои сè уште не се оценети.
И двете вакцини произведуваат високо ниво на антитела, додал тој, а други студии покажале дека и релативно ниско ниво на антитела штитат.