Модерна почна тестирање на вакцина против ковид-19 на деца и на бебиња

Клиничкото тестирање именувано како KidCOVE ќе опфати приближно 6.750 деца во САД и во Канада на возраст од 6 месеци до 11 години, пишува CNN.

333

Американската фармацевтска компанија Модерна информира дека почнала тестирање на вакцината против ковид-19 на деца.

Клиничкото тестирање именувано како KidCOVE ќе опфати приближно 6.750 деца во САД и во Канада на возраст од 6 месеци до 11 години, пишува CNN.






Тестирањето е поделено во два дела. Во првиот, на децата ќе се испитуваат различни дози од вакцината. Децата на возраст од 6 месеци до 1 година ќе примат две дози од вакцината ( од 25 до 50 микрограми) во период од 28 дена, а тие од 2 до 11 години ќе добијат две дози во истиот период, но од 50 до 100 микрограми.

Податоците од првиот дел на тестирањето ќе се користи за одредување на дозата во вториот дел во кој ќе биде и контролната група на деца која ќе прими плацебо. Експертите ќе ги следат децата 12 месеци по примањето на втората доза за да ја утврдат разликата помеѓу ефикасноста на вацината и плацебо и за можноста за нуспојави.

– Оваа педијатриска студија ќе ни помогне да ја процениме потенцијалната безбедност и имуногеност на нашиот кандидат за вакцина против ковид-19 во популацијата на помлада возрст – изјавил извршниот директор на Модерна Стефан банцел.

Поврзани содржини