МОДАР ПАТЛИЏАН ЗА ЗДРАВЈЕ И ЗА СЛАБЕЕЊЕ Зошто на нашиот организам му треба модар патлиџан?
Свежите плодови на модриот патлиџан содржат изобилство на хранливи материи, а малку калории. Идеално, нели?
Свежите плодови на модриот патлиџан на зелените пазари низ земјава чинат само 10-20 денари за парче. Што би се рекло – живо џабе. Затоа што со модриот патлиџан добивате многу повеќе од обичен оброк.
Модрите патлиџани содржат изобилство на хранливи материи, а малку калории. Идеално, нели? Имате здрава храна која ќе ве засити и ќе му донесе бројни здравствени придобивки на организмот, а истовремено е и диетална храна.
Имено, енергетската вредност (се однесува на 100 г суров плод) е 102 kJ (24 kcal), од кои 5.7 г јаглехидрати, 2.35 г шеќер, 3.4 г диетални влакна, а само 0.19 г маснотии, 1.01 г протеини.
Од витамини содржи тиамин (Б1)-3%, рибофлавин (Б2)-3%, ниацин (Б3)-4%, витамин Б5-6%, витамин Б6 (6%), фолна киселина (Б9)-6%, витамин Ц-3%
Од минерали: калциум – 3%, железо – 2%, магнезиум – 4%, фосфор – 4%, калиум – 5%, цинк – 2%.
Овие податоци укажуваат дека нашиот организам ќе добие вистинска ризница на витамини Б и мноштво минерали. Затоа, веќе немаме ниту еден изговор зошто не би јаделе модар патлиџан во што повеќе оброци и варијанти.
Лековити својства на модриот патлиџан
За заштита на мозокот
Научниците спровеле истражување на лабораториски глувци и дошле до неверојатни податоци кои укажуваат дека употребата на модриот патлиџан може да ги заштити мозочните клетки од оштетување предизвикано од слободните радикали. Слободните радикали можат да го зголемат ризикот од развој на клетки на ракот, како и нарушувања на меморијата.
За да си обезбедиме железо во организмот
Сите знаеме колку е важно железото за нашето тело. Недостатокот на железо доведува до анемија, а вишокот доведува до зголемен холестерол и оштетување на зглобовите. Модриот патлиџан има својство да му обезбеди на вашето тело железо колку што навистина му е потребно. Не грижете се, притоа нема да ги оштети вашите телесни функции.
За намалување на холестеролот и крвниот притисок
Научниците користеле лабораториски глувци и докажале дека сокот направен од модар патлиџан го намалува холестеролот. Исто така, овој сок ќе ги релаксира артериите и со тоа ќе го намали крвниот притисок.
Ги намалува хроничните воспаленија во нашиот организам
Бидејќи е познато дека модриот патлиџан содржи моќни оксиданти, ќе ви помогне при хронично воспаление во телото, особено кога станува збор за артритис. Истражувањата покажале дека хроничното воспаление во телото може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни заболувања и некои видови рак.
Содржи моќни антиоксиданти
Модриот патлиџан содржи фитонутриенти кои се одговорни за неговата карактеристична виолетова боја. Ова го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, некои видови рак и срцев удар. Исто така, може да спречи оштетување на ДНК и да го забави процесот на стареење.
Превентивни мерки против ракот
Истражувањата докажаа дека модриот патлиџан има одличен антиканцероген ефект. Едно истражување покажало дека го намалува протокот на крв и хранливи материи до клетките на ракот и со тоа го отежнува нивното ширење.
За да се одржи нивото на шеќер во крвта
Модриот патлиџан, како што веќе утврдивме, има низок гликемиски индекс. Што всушност значи тоа? Ова значи дека модриот патлиџан нема да предизвика ненадејни промени во нивото на шеќер во крвта. Оваа храна е одлична за секојдневна употреба во исхраната на сите луѓе, а особено за луѓето кои страдаат од дијабетес, бидејќи може полесно да го контролираат нивото на шеќер во крвта.
Да го забрзаме губењето тежина
Како што видовме, модриот патлиџан има многу малку калории. Да ве потсетиме, 100 гр суров плод има само 24 kcal и затоа е одлично за губење килограми. Тоа е одличен извор на влакна, кои ќе ви овозможат чувство на ситост.
Го хидрира телото
Модриот патлиџан е составен од голем процент на вода, што ќе обезбеди хидратација на вашето тело.
На нашиот портал „Арт кујна“ најдете наједноставни рецепти со модри патлиџани.
Фото: Unsplash