МОДА, БИЗНИС ИЛИ ОРГАНИЗИРАНА АКЦИЈА ОД СОСЕДИТЕ!? Повторно фатени Бугари со предмети од културно наследство
При прегледот биле пронајдени и одземени предмети кои претставуваат културно наследство, а по комплетирање на доказите ќе следи судска постапка.
ОВР Демир Хисар поднесе кривична пријава против А.В.Г. (50), К.А.К. (44) и Т.К.К. (48), сите од Бугарија, поради сомнение за „неовластена трговија со добра под привремена заштита, културно наследство и природна реткост“.
На 9 декември 2025 година, на улицата „Вељко Влаховиќ“ во Демир Хисар, полицијата извршила контрола на товарно возило „Пежо“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од првиот пријавен, и патничко возило „Голф“, управувано од третопријавениот, со сопатничка второпријавената.
При прегледот биле пронајдени и одземени предмети кои претставуваат културно наследство, а по комплетирање на доказите ќе следи судска постапка.