МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН НАЈДЕН ВО ЌЕЛИЈАТА НА ГАЗДА ДЕКО Судијката му се закани со забрана на посети
Судијката го предупреди Јованов дека ако повторно добие информација дека кај него е најден телефон, ќе му забрани посети.
Мобилен телефон бил најден во ќелијата во која е сместен првообвинетиот во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов Деко, соопшти судијката Диана Груевска Илиевска пред почетокот на денешното судење.
Таа го предупреди Јованов дека ако повторно добие таква информација ќе му забрани посети.
Поради исклучен микрофон, јавноста не можеше да слушне што рече Јованов во своја одбрана на констатацијата на судијката.
Јованов го издржува притворот во затворот во Куманово.
На денешното рочиште се очекува да сведочат Габриела Наунова, Ирена Минова и Марија Петрушева, родители на загинати во пожарот.
Почетокот на денешното рочиште доцнеше поради тоа што еден од обвинетите не беше спроведен навреме од притвор од затворот во Тетово.