📷 МОЌНА НУКЛЕАРНА ПОДМОРНИЦА СЕ ЗАКОТВИ ВО ИСЛАНД Арктикот станува шаховска табла за САД и Русија

Американската подморница влегла во исландските води и лани, но сега за првпат се закотвила и екипажот се истоварил. Подморниците од оваа класа се познати по можноста да дејствуваат во кој било дел од светот.

371

Нуклеарна подморница од класата „Ју Ес Њупорт Њуз“, првпат се закотви во Исланд, што испрати јасна порака за воената моќ и стратегија на САД во арктичкиот регион, пишува Бизнис инсајдер. Според американската команда во Европа и Африка потегот претставува одговор на засилените воени маневри на Русија на Арктикот и на Далечниот Север.

САД го сметаат Исланд за клучна точка во арктичката стратегија, особено поради неговата стратешка локација, која им овозможила на западните сили да следат советски и потоа руски подморници уште од времето на Студената војна.






– САД одржуваат поморска база тука со децении и се потпираат на Исланд за следење на операциите на советските, а потоа и руските подморници – појасни адмиралот Стјуарт Манш, командант на американската морнарица во Европа и Африка.

 

Ерин Сојер, в.д. амбасадорка на САД во Исланд, соопшти:

„Вашингтон и Рејкјавик одржуваат заедничка цел за ниски тензии на Арктикот, целосно свесни за напорите на Русија да го зголеми своето воено присуство во регионот“.

Американската подморница влегла во исландските води и лани, но сега за првпат се закотвила и екипажот се истоварил. Подморниците од оваа класа се познати по можноста да дејствуваат во кој било дел од светот.

Пентагон ја потенцира важноста на Исланд и во својата Арктичка стратегија за 2024 година, укажувајќи на конкуренцијата со Русија, но и на обидите на Кина да го прошири своето влијание на север.

 

 

Поврзани содржини