МОЌНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА ЌЕ ИНВЕСТИРА МИЛИЈАРДИ ВО МАКЕДОНИЈА Мицкоски најави пресврт во економијата

Тоа ќе бидат проекти во инфраструктурата и во здравството. Очекувам ваков меѓувладин договор со многу моќна европска земја, којшто ќе значи повеќе од 10% од БДП, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

1,080

Очекувам добри вести за македонските граѓани во текот на месеците април и мај годинава. Навистина очекувам многу добри вести. Со една многу моќна европска земја ќе потпишеме меѓувладин договор кој ќе се мери во милијарди. Значи, не во милиони, туку во милијарди.

Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање какви капитални проекти се планирани во иднина.






– Тоа ќе бидат проекти во инфраструктурата и во здравството. Очекувам ваков меѓувладин договор со многу моќна европска земја, којшто ќе значи повеќе од 10% од БДП. За многу скоро време ќе ви ги откријам деталите. Ајде да почекаме, да завршат преговорите. Тоа ќе биде исклучително добра вест и голем пресврт. Многу убава работа – изјави Мицкоски.

Поврзани содржини