МОЈАТА ПРВА ИЗЈАВА ИЗЛЕЗЕ НАДВОР ОД КОНТРОЛА Мојсова се извини што не предупредила за сомнителна смрт кај Тот

Јас се извинувам што во мојата прва изјава, која навистина излезе надвор од контрола, што не кажав дека - нема видливи повреди, но дека смртта е сомнителна, вели д-р Маја Мојсова.

1,406

Директорката на КАРИЛ Маја Мојсова првпат пред камера проговори за тоа што се случувало во болницата и за хрватски „Јутарњи лист“ се извини што во нејзината прва изјава не предупредила дека можеби ракометарот Денис Тот е жртва на насилство. Сепак, Мојсова останува на ставот дека тие како лекари не можеле првично да знаат што довело до срцев застој.

– Јас се извинувам што во мојата прва изјава, која навистина излезе надвор од контрола, што не кажав дека – нема видливи повреди, но дека смртта е сомнителна – вели д-р Маја Мојсова.

Според Мојсова ако ракометарот не бил удиран откако паднал на земја и ако веднаш бил донесен во болница би имал поголеми шанси да преживее.

Поврзани содржини