МОЈА БЕШЕ ИДЕЈАТА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА Оваа мерка е отскочна даска за зголемување на другите плати и на пензиите

Како што истакна лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, и претходниот пат кога минималната плата се зголемила на 15.000 денари, две години се плаќале субвенции за таа разлика од 100 евра, а таа идеја лично тој му ја дал на експремиерот Зоран Заев.

3,645

Поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, во вечерашното гостување во емисијата „24 анализа“ истакна дека македонската економија не е во идеална состојба, но дека ја поддржува мерката за зголемување на минималната плата, оти како што истакна, тоа била негова идеја.

Како што истакна Георгиевски, и претходниот пат кога минималната плата се зголемила на 15.000 денари, две години се плаќале субвенции за таа разлика од 100 евра, а таа идеја лично тој му ја дал на експремиерот Зоран Заев.






– Се радувам што овој модел, зголемување на минималната плата, плус субвенции, е балансирана мерка која им помага на работниците и на работодавачите. Минималната плата е отскочна даска за зголемување на другите плати и на пензиите. Ние не знаеме како ќе се движи стапката на инфлација. Може да продолжи низ оваа година со уште посилно темпо – рече Георгиевски.

Во поглед на преговорите со Бугарија, тој смета дека новиот ветер од македонската и од бугарската страна е добар ветер, но и дека Македонија треба да направи ревизија на сопствената историја.

– Не сметам дека политиката на државно ниво треба да решава историски проблеми. Како политичар од ВМРО-ДПМНЕ за 30 години на првото основачко собрание на партијата реков дека Македонија треба да ја смени политиката кон Бугарија, треба да направи ревизија на сопствената историја и тоа треба да го направиме заради нас самите. Двајцата нови премиери внесоа нова енергија, но не дека тој дух не постоеше кај Заев. Очигледно, за жал, кај Бугарите немаше разбирање додека тој беше премиер. Не можеме, а да не го препознаеме новиот ветер – рече Георгиевски.

Поврзани содржини