МНР: Следната недела ќе се разменат предлози за акцискиот план со Бугарија

Министерството за надворешни работи појасни дека улогата на специјалниот претставник на земјава Владо Бучковски е редовно да патува за Бугарија со цел следење на Акциониот план и поттикнување на соработката на линиските министерства.

959

Министерот за надворешни работи на земјава и Бугарија наредните денови ќе разменат предлози од двете страни за Акцискиот план.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, министерот Бујар Османи за оваа тема неделава разговарал со бугарската колешка Екатерина Захариева.






Од Министерството појаснија дека улогата на специјалниот претставник на земјава Владо Бучковски е редовно да патува за Бугарија со цел следење на Акциониот план и поттикнување на соработката на линиските министерства.

– Во оваа насока очекувано е во наредниот период да оствари чести патувања на релација Скопје – Софија – информираа од МНР.

Денеска бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во емисија на бугарското Радио К2 изјави дека следната недела ќе има средба со Бучковски во Софија.

Поврзани содржини