МНОГУ ТОПЛИ ДЕНОВИ СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 40 СТЕПЕНИ Кратко разладување за викенд

0

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.






Минималната температура најниско ќе се спушти во Берово, до 13 степени. Најтопло ќе биде во Велес и во Демир Капија, со температура до 39 степени Целзиусови.

Фото: УХМР 

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 19 степени наутро, до 28 во текот на денот.

Следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност.

Во деновите од викендот ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град.

Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.

Фото: УХМР
Поврзани содржини