МНОГУ ПОЧИНАТИ И ДЕНЕСКА Короната одзеде 18 животи, новозаразени се 183 лица
Досега во земјата се направени вкупно 1.225.089 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.705 бројката на оздравени пациенти е 164.383, на починати е 6.277, а бројот на активни случаи изнесува 13.045.
Нови 183 случаи на позитивни пациенти од вкупно 2.035 тестирања се регистрирани во последното деноноќие, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Иниститутот за јавно здравје.
Во соопштението е наведено дека починати се 18 пациенти, а оздравени се 531 пациент.
„Во последните 24 часа се направени 2,035 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19: Скопје – 132, Куманово – 13, Кавадарци – 6, Прилеп, Струга и Крива Паланка – по 3, Тетово, Битола, Велес, Охрид, Срумица, Кичево, Кратово и Демир Капија – по 2, Гостивар, Штип, Кочани, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Македонска Каменица – по 1. Регистрирани сe 531 оздравени пациенти од: Скопје – 189, Тетово – 68, Струмица – 32, Гостивар – 26, Дебар – 24, Кавадарци – 23, Куманово – 22, Кичево – 17, Битола и Штип – по 12, Прилеп, Велес, Свети Николе и Берово – по 11, Делчево – 9, Крива Паланка и Ресен – по 8, Пробиштип – 7, Кочани – 6, Македонски Брод – 5, Радовиш – 4, Неготино и Валандово – по 3, Кратово и Крушево – по 2, Струга, Гевгелија, Македонска Каменица, Богданци и Пехчево – по 1. Пријавени се 18 починати лица: 9 починати лица од Скопје (85, 80, 69, 67, 64, 61, 59, 57, 52), 4 починати лица од Кавадраци (88, 88, 72, 60), по две починати лица од Тетово (81 и 48) и Битола (81, 79), едно починато лице од Гостивар (78).
Од пријавените 18 лица, 16 се починати во болнички услови, а две се починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.225.089 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.705 бројката на оздравени пациенти е 164.383, на починати е 6.277, а бројот на активни случаи изнесува 13.045.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)