ММФ: Светската економија влезе во рецесија

Според шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, најголема опасност е бранот банкрот и отпуштања, што ќе го отежне обновувањето на економијата.

461

Глобалната економија влезе во период на рецесија поради пандемијата на новиот коронавирус, изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева.

Според неа, рецесијата е многу полоша од глобалната финансиска криза.






ММФ се фокусирал да гарантира дека има силен одговор на здравствената криза, како и да дејствува на закрепнување на економијата, нагласи Георгиева.

Таа изрази решеност да ја искористат „воената резерва“ од 1 трилион долари доколку е потребно како одговор на пандемијата.

Според Георгиева, најголема опасност е бранот банкрот и отпуштања, што ќе го отежне обновувањето на економијата.

Поврзани содржини