МЛАДИТЕ ДО 24 ГОДИНИ НАЈМНОГУ КОРИСТАТ ИНТЕРНЕТ Дури 85,2 отсто од граѓаните интернетот го користат за социјалните мрежи

Вкупно 46,3 отсто од лицата нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци. 66,6 отсто од нив купиле облека. 

205

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2021 година, 83,7 отсто од домаќинствата имале пристап на интернет од дома.

Учеството на домаќинствата според типот на населеното место со широкопојасен  интернет во вкупниот број домаќинства e 87,1 отсто во 2021 година.






Во првото тримесечје од 2021 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 86,4 отсто, додека 80,5  отсто го користеле секој ден или речиси секој ден.

Според возраст дневно најмногу интернет користат граѓаните на возраст од 15 до 24 години. Вкупно 98,8 отсто од нив користат интернет секој ден или речиси секој ден. 91,6 отсто од  граѓаните кои секој ден користат интернет се на возраст од 25 до 54 години интернет, додека 49,1 отсто од граѓаниоте се на возраст до 74 години.

Дури 85,2 отсто од граѓаните интернетот го користат за социјалните мрежи, а 90,6 отсто имале видеоповици или употребиле апликации за разговор.

31, 1 отсто од корисниците на интернет извршиле банкарски услуги преку своите мобилни телефони или компјутери.

46,3 отсто од лицата нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци. 66,6 отсто од нив купиле облека.

84, 2 отсто од граѓаните купувале во домашни е-продавници.

 

Поврзани содржини