Младите беснеат со автомобилите и завршуваат надвор од патот со тешки повреди
Албански државјанин приведен затоа што управувал автомобил кој бил баран од Интерпол.
АЛБАНСКИ ДРЖАВЈАНИН ВОЗЕЛ АВТОМОБИЛ БАРАН ОД ИНТЕРПОЛ – На 14.09.2020 во 16.30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, при проверка на Б.И.(44) од Р.Албанија, кoј управувал патничко возило „ауди А8“, со албански национални ознаки, било констатирано дека возилото е во оперативната евиденција по барање на Интерпол од Албанија. Тој бил лишен од слобода и заедно со возилото се предадени на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.
МЛАДИ МОМЧИЊА ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ И ЗАВРШИЛЕ НА КЛИНИКА – На 15.09.2020 во 00.40 часот било пријавено дека на локален пат во с.Кучково, скопско, патничко возило „фиат добло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(19) од Скопје, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.С.(19) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник Н.Е.(19), кои биле констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
УКРАЛ АВТОМОБИЛ, НО ГО ФАТИЛЕ – На 14.09.2020 околу 21.00 часот од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Д.А.(45) од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“ по член 242 од Кривичниот законик. Тој бил задржан во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.
ФАТЕН КРАДЕЦ КОЈ ОГРАБИЛ АПТЕКА – На 14.09.2020 околу 16.30 часот полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Ф.П.(38) од Скопје, затоа што кратко време пред тоа со закана со нож од вработена во аптека на бул.„Климент Охридски“ одзел 6000 денари и мобилен телефон. Парите и телефонот биле пронајдени, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И ЗАВРШИЛ СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ – На 14.09.2020 во 21.20 часот било пријавено дека на регионалниот с.Дабиле – с.Петралинци, струмичко, патничко возило „фолксваген пасат“, со струмички регистарски ознаки, управувано од А.М.(22) од с.Старо Балдовци, струмичко, излетало од патот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Струмица.
ТЕШКО ПОВРЕДЕН МАЛОЛЕТЕН ПЕШАК – На 14.09.2020 во 19.10 часот било пријавено дека на ул.„5“ во с.Јурумлери, скопско, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Е.(38) од с.Долно Количани, скопско, удрило во малолетен пешак од с.Јурумлери. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
МУ НАШЛЕ НОЖ ВО ЏЕБОТ, ПА ГО ПРИВЕЛЕ – На 14.09.2020 во 21.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Џон Кенеди“, при извршен преглед кај Џ.Д.(46) од Скопје, пронашле нож. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
СКОПЈАНЕЦ КАСНАТ ОД УЛИЧНО КУЧЕ – На 14.09.2020 во 07.45 часот во Полициската станица Центар, И.Д.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„Филип Втори Македонски“ бил каснат од куче скитник.