МЛАДА ОХРИЃАНКА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ЦЕНТАР Полицијата утврдува како починала 24-годишната девојка
Лекар од Итна медицинска помош извршил увид на местото на настанот и констатирал смрт без видливи траги на насилство.
24-годишната Г.Ј. од Охрид вчера во 19:42 часот била пронајдена мртва во казиното сместено во хотел на подрачјето на Општина Центар во Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош извршил увид на местото на настанот и констатирал смрт без видливи траги на насилство.
„По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција за утврдување на точната причина за смртта“, велат од полицијата.
Полицијата и понатаму работи на случајот.