МЛАД ОТВОРЕН ТЕАТАР „Вишновата градина“ вечерва во Театар Комедија

МОТ наведува дека „Вишновата градина“ денес е драма за транзицијата, за неподносливата леснотија на пропаѓањето на општеството и цивилизацијата.

448

На програмата на 46. Млад отворен театар (МОТ) вечерва од 20 часот во Театар Комедија ќе настапи Турски театар-Скопје со претствата „Вишновата градина“ во режија на Владимир Милчин.

МОТ наведува дека „Вишновата градина“ денес е драма за транзицијата, за неподносливата леснотија на пропаѓањето на општеството и цивилизацијата.






– Алчноста на новозбогатените криминалци безмилосно го уништува човештвото уништувајќи ја неговата колевка, Земјата, уништувајќи ја природата и сè што живее во неа. Она што вџашува е немоќта на луѓето да се противстават, да ја одбранат културата и природата, да ги одбранат вредностите на цивилизацијата пред новите варвари. Прогресот не е гарантиран. Тркалото на историјата стигна до пролетерската револуција, но од неа се изроди новата класа манипулатори чија алчност не знае за граници – наведува МОТ во најавата за претставата.

Билетите за претставите од годинашната фестивалска програма се достапни преку bileti.mkc.mk и на билетарница во Младинскиот културен центар.

Поврзани содржини