Триесет и седумгодишниот П.М. од Скопје бил пронајден починат вчера во 21:40 часот на ул.„Фрањо Клуз“ во Скопје, информира МВР.
– Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. Известен е Jавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје – стои во соопштението од МВР.