Мизрахи до Заев: Ќе се откажете од јазикот или од Гоце Делчев, како што се откажавте за името?

Овие искривоколчени тези повеќе не поминуваат затоа што не направивте ништо да смените од она што беше наша реалност насекаде во светот да бидеме ФИРОМ. Ништо не направивте. Дома бевме Македонци, зборувавме македонски јазик, сега сме за цел свет Македонци и зборуваме македонски јазик, признаени од сите - рече Заев.

2,681

Дуел Мизрахи – Заев за промената на името на денешната собраниска седница. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, ги посочи изјавите на Зоран Заев во однос на промената на името, промената на Уставот, неколкуте негови изјави низ годините за датумот за членство во Европската унија, па рече дека Заев излажа за сѐ –  и за името, и за Уставот и за датумите за членство.

– И сега, дали ќе се откажете од јазикот или од Гоце Делчев, како што се откажавте за името за кое се колневте во своите деца? – го праша Мизрахи Заев.






Таа изрази критики кон власта и околу борбата против корупцијата, растот на економијата, развојот на образованието, а со ковид-19 кризата, додаде се чини и дека воопшто ќе нема образование.

Мизрахи го критикуваше Зоран Заев  за лажните ветувања во однос на загадувањето на воздухот и екологијата и им порача на пратениците од СДСМ дека од нив има капацитетни луѓе, па можат да предложат мандатар за сите граѓани да не би имале ваков премиер како Заев,, зошто кога нема нема живот, нема за сите граѓани – рече Мизрахи.

Таа ги коментираше и изјавите на Заев за економијата во кои,  како што нагласи Мизрахи  „тој лажеше дека ќе има 500 евра плата, раст на платите и градежна офанзива, а од тоа видовме само раст на дивоградбите и осиромашени граѓани“.

Мандатарот Заев одговори дека се пласираат искривени тези.

– Овие искривоколчени тези повеќе не поминуваат, не направивте ништо да смените од она што беше наша реалност насекаде во светот да бидеме ФИРОМ. Ништо не направивте. Дома бевме Македонци, зборувавме македонски јазик, сега сме за цел свет Македонци и зборуваме македонски јазик, признаени од сите – рече Заев.

Додаде дека и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, дошол тука изразувајќи почит према еврејската заедница и зборуваше за македонскиот народ и оти за тоа можело само да се сонува во минатото.

– Заврши времето на лажни патриоти . Со овие избори е направен пресек. Трубевте со сите можни труби насекаде лажни тези коишто на крајот народот на изборите ви потврди дека не ви верува воопшто. Денеска и пермиерите и лидерите на Грција зборуваат за Северна Македонија во која што живеат Македонци што зборуваат македонски јазик. Единствено вашиот наратив е тој што го загрозува македонскиот идентитет продолжувајќи со ваквите тези. Никој друг, ниту дома ниту во светот – рече Заев.

Во однос на долговите, рече дека досега се пуштени 550 милиони евра на граѓаните и на компаниите, а следуваат уште стотици милиони евра што стојат на сметката на буџетот.

– Никојпат македонскиот пат и сите граѓани на оваа земја не добија толку пари од својата земја, од своите даноци што ги плаќа во својата земја. Милијарда бутнавте само во споменици и жални врби. Заврши времето на лажење – изјави Заев

 

Поврзани содржини