МИТКО ЈАНЧЕВ ПОБЕДИ ВО КАВАДАРЦИ Опозицијата води во поголем број oпштини

Според неофицијални информации, се очекува победа на Бобан Стефковски во Гази Баба уште во првиот круг. Во неговиот штаб веќе се слави победата.

2,606

Актуелниот градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев е победник во првиот круг на изборите за неговата општина, остварувајќи мандат од нови четири години.

Според неофицијални информации, се очекува победа на Бобан Стефковски во Гази Баба уште во првиот круг. Во неговиот штаб веќе се слави победата.






Симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ веќе се на улица во Босилово каде ја слават победата на кандидатот Ристо Манчев во првиот круг. Иако е рано за официјални резултати, според изворите од партијата, тој е во водство со голема предност.

Според резултатите на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, кандидатот Иван Јорданов води со 6996 гласови, додека кандидатот од СДСМ Сашко Николов освоил 4550 гласови.

Д-р Борче Јовчески, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за општина Прилеп се наоѓа пред голема победа уште во првиот круг на локалните избори 2021 година.

Од најголемата опозициска партија информираат дека имаа огромно водство во Петровец, Виница, Карбинци, Прилеп, Градско, Могила, Сопиште, Јегуновце и Свети Николе.

Поврзани содржини