МИТКО ЈАНЧЕВ НА 44-ОТ РОДЕНДЕН ГО ДОБИ УВЕРЕНИЕТО ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК Тој го почнува третиот мандат

Тој победи со 74% освоени гласови co излезеност од 46%. ВМРО-ДПМНЕ има апсолутно мнозинство во Советот на Општина Кавадарци со 11 советници, додека СДСМ освои 2 мандата и по еден Левица, ЗНАМ и две листи на граѓани со носителите Ристо Сакалиев и Јован Златевски.

619

Општинската изборна комисија денеска ги додели уверенијата за мандатите на градоначалникот и советниците во Совет на Општина Кавадарци.

„За мене е ден со посебна симболика. На истиот ден кога го прославувам мојот 44. роденден, ја добив и официјалната потврда, уверението за трет мандат како градоначалник на Кавадарци од страна на Општинската изборна комисија. Овој ден е потсетник дека ништо не е случајно. Довербата што граѓаните повторно ми ја дадоа е најголемата чест и најголемата одговорност. Заедно со советниците кои се дел од истата визија и идеја, продолжуваме уште посилно, со уште повеќе работа, дела и резултати“, напиша градоначалникот Митко Јанчев на Фејсбук.






Тој изрази благодарност за поддршката и довербата.

Митко Јанчев, кој е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, го доби третиот мандат за градоначалник на Кавадарци. Тој победи со 74% освоени гласови co излезеност од 46%. ВМРО-ДПМНЕ има апсолутно мнозинство во Советот на Општина Кавадарци со 11 советници, додека СДСМ освои 2 мандата и по еден Левица, ЗНАМ и две листи на граѓани со носителите Ристо Сакалиев и Јован Златевски.

Поврзани содржини