МИТКО ЈАНЧЕВ ДОБИ ТРЕТ МАНДАТ Вети дека ќе го води Кавадарци со чесност и со резултати

407

Кандидатот за градоначалник на општина Кавадарци Митко Јанчев објави победа уште во првиот круг.

– По трет пат Кавадарци избра работа, чесност и резултати! Соодносот е неверојатен – 7:1 за работа, чесност и резултати! Оваа победа не е само моја, ова е победа на народот, на сите кои веруваат во подобро утре, во фер и посветена работа, во силна Македонија! Ви благодарам од срце за огромната поддршка, за довербата и љубовта што ја покажавте! Голема чест е повторно да го имам вашиот глас и вашата вера во мене и во тимот. Голема благодарност и честитки до советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, до сите кои застанаа зад оваа победа, со работа, со идеја, со срце и душа! Продолжуваме уште посилно, со истата љубов и со уште поголема одговорност. Кавадарци да биде пример за развој, чесност и успех! За Кавадарци, за Македонија, со срце и душа!“, напиша Јанчев на Фејсбук.






Поврзани содржини