МИСТЕРИОЗНИ ПОРТПАРОЛИ, ВОДАЧИ ОД СЕНКА Кој е вистинскиот шеф на талибанците? (ВИДЕО)

Додека го интервјуирала Муџахид, новинарката Јалда Хаким седела токму на столчето на кое претходно седел Дава Кан Менапал, директорот на Авганистанскиот центар за медиуми и информации, кој претходно месецов бил убиен токму во акција на талибанците. Тогаш, Муџахид ја презел одговорноста за убиството, изјавувајќи дека Менапал бил „убиен во специјален напад“.

1,538

Кој е мистериозниот портпарол на талибанците кој вчера пред медиумите изјави дека ќе се почитуваат правата на жените во новата шеријатска држава? Беше ли тоа Забихула Муџахид, познат терорист, или можеби помлад човек поставен на неговото место? Новинарите можеби никогаш нема да дознаат, бидејќи досега тие можеа да го слушнат неговиот глас само на фиксен телефон, јавува Би-Би-Си.

– Со години се шпекулира дека станува збор за измислено име, дека имало многу „Забихула“ кои се менувале. Сега, се разбира, сите ние прифаќаме дека ова е Забихула Муџахид. Можеби не е? – вели г-ѓа Доусет, главна дописничка на Би-Би-Си за Авганистан.






Не е чудо што Талибанците сакаат да ги мистифицираат своите водачи. За дописничката Јалда Хаким, тоа е дел од нивната структура.

– Тоа се Талибанците, тие се организирани и имаат идеологија – ништо не прават случајно. За да мистифицирате една личност, таа треба ненадејно да се појави пред екран – не можете подобро да го напишете сценариото – вели таа.

Релативно скромен, пријатен човек

Додека дел од новинарите беа шокирани од Муџахид, добар дел од нив се изненадени од неговиот настап. Новинарот Џон Симпсон од Би-Би-Си го нарече „скромен и пријатен човек“ на Твитер.

 

 

„Специјално“ убиство на директорот на медиумите

Муџахид, или човекот кој е поставен да одговара во негово име, немал проблем да одговара ниту на прашања од жени-новинари. Ова ја шокирало дописничката Јалда Хаким, која десет години претходно преку телефон добивала крајно радикални исламистички изјави од него.

– Вистинското предупредување беше кога го спомнаа шеријатскиот закон. Тоа направи да ме полазат морници. Тие (талибанците) уште не објаснија како тој закон ќе изгледа – вели таа.

Додека го интервјуирала Муџахид, новинарката Јалда Хаким седела токму на столче на кое претходно седел Дава Кан Менапал, директорот на Авганистанскиот центар за медиуми и информации, кој претходно месецов бил убиен токму во акција на талибанците. Тогаш, Муџахид ја презел одговорноста за убиството, изјавувајќи дека Менапал бил „убиен во специјален напад“.

Талибанецот кој ги разоружа Американците ќе биде новиот претседател?

Не е само Муџахид во фокусот на јавноста деновиве. Изгледа талибанците имаат повеќе лидери и водачи. Еден од нив е Мула Барадар, кој тукушто се врати во Авганистан, за, како што се шпекулура, да биде новиот претседател на шеријатската држава.

Барадар, човекот кој успеа да ги натера Американците да се повлечат од Авганистан и кој беше затвореник долго време, сега се враќа во Авганистан на голема врата. Мула Барадар, висок лидер и основач на талибанците, кој беше уапсен уште во времето на Бин Ладен, а потоа пуштен под услов да помогне да се преговара за мир меѓу талибанците и Американците, најде погоден момент да се врати назад во родната земја.

Погледнете го видеото во кое Барадар вели дека талибанците сакаат мир:

 

Мировна тактика за нова војна

Беше ли тоа тактика на Барадар, прво да ги одоброволи Американците да се разоружат, за да им го отвори патот на своите соборци талибанци да го освојат Авганистан за не повеќе од една седмица? Да се потсетиме, Барадар побегна во Пакистан по американската инвазија на Авганистан во 2001 година. Тогаш САД реагираше на терористичките напади врз кулите близначки на 11 септември, што доведе до соборување на групата.

Барадар помина осум години во затвор во Пакистан, откако наводно беше уапсен во Карачи во 2010 година, во операција на американските и пакистанските разузнавачки служби. Тој беше ослободен по барањето на американскиот пратеник во Авганистан, Залмај Калилзад, за да одигра улога во мировните преговори поради неговиот авторитет и углед, бидејќи можеше да преговара. Со негова помош заврши 20-годишната операција на САД во Авганистан и воедно најдолгата војна во поновата историја на САД.

 

Поврзани содржини