МИСТЕРИОЗЕН ПРЕКИН НА СТРУЈАТА НА АЕРОДРОМ ПРЕД САМИТОТ НА НАТО Некој ја саботирал железницата во Амстердам?

Според операторот на услуги ProRail, прекинот на електричната енергија се случи утрово во близина на главниот аеродром во Холандија. Истрагата откри дека пожарот, во кој се запалија околу 30 кабли, предизвикал „значителна штета“.

1,026

Холандските власти истражуваат можна саботажа на железничката мрежа откако прекинот на електричната енергија доведе до ограничен железнички сообраќај на главниот аеродром во земјата, бидејќи денеска во Холандија започнува дводневниот самит на лидерите на НАТО.

Вршителот на должноста министер за правда, Давид ван Вил, изјави дека истражителите проверуваат дали пожарот кај железничките кабли е намерно подметнат.






– Може да биде активистичка група. Може да биде друга земја. Може да биде што било – рече тој.

 

Штетата го наруши железничкиот сообраќај и не сообраќаа возови помеѓу аеродромот и главниот град на земјата, Амстердам. Според операторот на услуги ProRail, прекинот на електричната енергија се случи утрово во близина на аеродромот. Истрагата откри дека пожарот, во кој се запалија околу 30 кабли, предизвикал „значителна штета“.

Компанијата ProRail објави дека очекува враќање на нормалниот сообраќај до вечерва. Привремените барикади и металните огради околу местото на одржување на самитот се само дел од големата воена и полициска операција наречена „Портокалов штит“, која е поставена за да се обезбеди безбедноста на 32-цата лидери на НАТО.

Поврзани содржини