МИСТЕРИОЗЕН ЛЕКАР СО ИНФУЗИЈА ЛЕКУВАЛ ПАЦИЕНТКА Жената починала веднаш по приемот во ковид-центар
Блиски роднини на починатото лице, дале податок дека сега веќе починатото лице било лекувано седум дена во домашни услови со инфузиска терапија и ги навеле точните називи на лековите кои биле давани, а истите ги посочил во писмен допис и здравствениот работник кој извршил прием на пациентката каде починала.
Пациентка заболена од ковид-19 починала неколку часа од приемот во ковид-центарот, откако непознат лекар речиси седум дена во домашни услови и давал терапија за која нема медицинска историја.
Блиски роднини на починатото лице, дале податок дека сега веќе починатото лице било лекувано седум дена во домашни услови со инфузиска терапија и ги навеле точните називи на лековите кои биле давани, а истите ги посочил во писмен допис и здравствениот работник кој извршил прием на пациентката каде починала.
Во Државниот здравствен и санитарен инспекторатот известуваат дека добиле претставка од здравствен работник, за починато лице инфицирано со ковид-19, кое по утврдената дијагноза од матичен лекар, по 14 дена од инфекцијата, дошло во ковид-центар, во многу лоша здравствена состојба и починало на само неколку часа по приемот.
Според сите законски прописи, инспектори од ДСЗИ, веднаш по претставката на здравствениот работник, излегле на терен и утврдено е дека матичниот лекар на пациентката и препишал само таблетарна антибиотска терапија, пациентката потоа никогаш не побарала преглед или совет од матичниот лекар и дека не е познато кој, на сега веќе починатата и давал терапија и притоа не оставил никаков пишан документ или извештај.
Од тие причини, ДСЗИ случајот го пријави во Министерството за внатрешни работи.
– Упатуваме апел до сите граѓани кои се позитивни на ковид-19, да не прифаќаат лекување во домашни услови, ако за тоа не се изјасни матичниот лекар и задолжително да побараат пишан документ за терапијата и начинот на лекување – стои во соопштението од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ).
Директорката на инспекторатот д-р. Ирина Бухова, вели дека апелот го упатуваат со цел да ги заштитат граѓаните и нивното здравје.