МИСТЕРИЈАТА НА КОСМИЧКОТО ЈАЈЦЕ Дали е тоа единствената форма со која ќе можеме да патуваме побрзо од светлината?

Но, точната врска меѓу јајцето, освен во изгледот и во аналогијата Леметр не ја објаснува. Години подоцна, во 1990тите години кога еден друг научник, Мигел Алкубиер, пресметал дека за да патуваме побрзо од светлината, како во серијата Стар Трек на пример, мораме да сме во некаков меур. А тој меур, според равенките, од предната страна ќе биде позашилен и - ако го гледаме во 3Д и во оние убави анимации кои можат да се најдат на интернет - личи на јајце.

213

Во светот на науката и космологијата, обликот на јајцето има важно значење и се поврзува со неколку различни научни теории. Можеби најсуштинската од нив е онаа за Големиот Бенг. Првпат во оваа насока во 1931 година размислувал Жорж Леметр, белгиски космолог и свештеник. Според него универзумот пред 13,8 милијарди години прво изгледал како јајце во кое немало време и простор, ниту материја и енергија, а потоа пукнало и почнало да се шири..

Дијаметарот на универзумот, според она колку досегнуваат нашите телескопи, изнесува приближно 91,7 милијарди светлосни години. Тој најчесто е претставен како топка, односно сфера. Но, ако го гледаме како некакокв меур кој се ширел, тоа значи дека сè започнало од едно „квантно јајце“ пред самиот почеток, пишува БигТинк. Јајцето потоа се делело на повеќе квантуми на енергија. Всушност, Леметр се надоврзал на откритието на Едвин Хабл кој две години претходно открил дека галаксиите се оддалечуваат една од друга. Значи морало да има една точка од каде што почнал овој универзум во којшто сме сега.






Но, точната врска меѓу јајцето, освен во изгледот и во аналогијата за некаков прапочеток, Леметр не ја објаснува. Години подоцна, во 1990тите години кога еден друг научник, Мигел Алкубиер, пресметал дека за да патуваме побрзо од светлината, како во серијата Стар Трек на пример, мораме да сме во некаков меур. А тој меур, според равенките, од предната страна ќе биде позашилен и – ако го гледаме во 3Д и во оние убави анимации кои можат да се најдат на интернет – личи на јајце.

Сличен ефект, односно слична топологија може да се забележи при допирот на две црни дупки на пример, кои, се издолжуваат и се спојуваат во една…Иако црните дупки се дупки, а меурот на Алкубиер треба биде гнездо за нашиот вселенски брод. Во ова меуресто јајце универзумот околу нас би прелетувал со брзина поголема од светлината. Тоа би било можно затоа што не се движиме ние во меурот, туку она што е надвор, ја придвижуваме надворешноста. За тоа е потребна огромна енергија.

Огромната енергија која треба за да се произведе ваков меур ги прави научниците скептични. Тоа е енергија повеќе отколку што постои во сегашниот универзум. Плус тоа, за тоа да се направи потребно е нешто што се нарекува негативна енергија, која, постои, но во екстремно мали количини – измерена во познатиот Казимиров ефект.

Што е тоа што го прави јајцето толку посебно? Дали се неговите златни пропорции кои ги има во својата форма или е нешто друго? Архитектите и геометрите тоа го знаат и од тоа се инспирирале. Во јајцето можат, на пример, да се впишат, радиусите на Земјата и на Месечина врз неа, како кругчиња, а потоа со нивно поврзување се добива на врвот се добива закосениот дел од јајцето.

Ова му било познато и на Леонардо Да Винчи. Јајцето, имплицитно, е дел од неговиот дијаграм на Витрувијански човек. Иако дијаграмот првично решава еден друг проблем – тој ги едначи квадратот и кругот и човекото тело, и една од трите пирамиди од Египет, за на крајот во него да ги најдеме радиусите на Земјата и на Месечина и бројни други пропорции.

Тука во игра влегува и Ајнштајн. Тој сметал дека универзумот се шири во пропорција со една константа наречена „космолошка константа“ или Ламбда. Таа изнесува 10 на -35 секунди на квадратен метар. Сепак, кај него не постојат „јајца“. Еден од проблемите за утврдувањето на геометријата на универзумот е и тоа што ние не знаеме како точно се ширел, односно дали постоела космичка инфлација или пак работите оделе порамномерно. Тоа што знаеме дека има некаква флудиност кај повеќето космички феномени – но, работите стануваат покомплексни ако на ова се додаде дека може да има повеќе универзуми во еден мултиверзум. Тогаш, онаа старата идеја, дека универзумот во формата е или некаква сфера, или седло или спирална туба бидува отфрлена. Јајцето во оваа игра и не е толку комплексно со останатите геометрии – тоа може да се гледа и како еден вид елипсовид.

Ако, пак, според Ајнштајн, црните дупки се некакви вистински дупки во „штофот“ на време-просторот, тогаш во игра доаѓаат и топологиите со дупки – на пример, крофната. Крофната е позната форма во физиката бидејќи секое енергетско поле кое зрачи од одредено тело ја имаа оваа форма. Тоа може да биде и  електромагнетизмот кој зрачи околу човекото тело. Но, тоа е само кога полињата би биле идеални, без да ги допира друго поле или сила однадвор. Со други зборови, вистинската, брановидна, киматичка слика на време-просторот е многу покомплексна. Замислете, на пример, какви обрасци се прават кога и само едно мало камче бидува фрлено во вода.

Како последна, но не и најлоша опција ни е да ја спомнеме можната, врска меѓу јајцето и Теоријата на струни. Ова е теорија во која самиот време-простор е составен не од атоми туку од мали ластичиња, односно струни, има искуство со вакви геометрии како јајцето. Дури и покомплексни геометрии од јајцето бидејќи во самата теорија просторот може да има неверојатни – 11 димензии.

Овие простори се нарекуваат хипер-простори. Човек не може да ги замисли бидејќи имаат повеќе од обичните 3 димензии. Но, можеме да ги претставиме хипер-просторите сплескани. Како некакви брановидни мембрани, кои сепак се многу комплексни. Прилично барокно изгледаат. Како некакво оригами, диплени чаршафи кои, како што се зголемува димензијата, имаат повеќе дипленици…

 

 

Поврзани содржини