МИСТЕРИЈА ВО СЕЛО БИСТРИЦА Полицијата трага по жената чијашто куќа изгоре до темел

Полицијата потсетува дека на 5 февруари годинава во СВР Велес било пријавено дека околу 22.20 часот во село Бистрица, општина Чашка, настанал пожар во куќа, сопственост на 82-годишната М.А. Куќата била целосно опожарена. Сепак, не било пронајдено човечко тело во куќата.

934

СВР Велес презема мерки за пронаоѓање на 82-годишната М.А од село Бистрица, општина Чашка, чија куќа целосно изгоре во пожар на 5 февруари вечерта околу 22 часот.

Како што информира денеска портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, на местото на настанот вечерта на 5 февруари во селото Бистрица, излегле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес, по што полициски службеници и екипа на Јавно комунално претпријатие „Тополка“ на Општина Чашка неколку денови вршеле и пребарување во куќата, но не било пронајдено човечко тело. Поради тоа, вчера попладне во 14.00 часот во СВР Велес, нејзиниот внук, 53-годишниот О.М. од Велес, ја пријавил како исчезната.






Од СВР Велес денеска појаснуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Тие потсетуваат дека на 5 февруари годинава во СВР Велес било пријавено дека околу 22.20 часот во село Бистрица, општина Чашка, настанал пожар во куќа, сопственост на 82-годишната М.А. Куќата била целосно опожарена.

Како што информираат денеска од СВР Велес, пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната Противпожарна Единица Велес, а по кажување на очевидците, сопственичката М.А. последен пат во куќата била видена истиот ден.

Поврзани содржини