Мистерија е како Наоми Кембел стана мајка на 50 години

Славната манекенска сподели фотографија на која се гледа како ги држи нозете на бебето во раката.

870

Наоми Кембел објави на Инстаграм дека станала мајка на 50 години. Таа сподели фотографија на која се гледа како ги држи нозете на бебето во раката.

„Прекрасен, мал благослов ме избра да бидам нејзината мајка. Јас сум толку почестена што ја имам оваа нежна душа во мојот живот. Нема зборови што ја опишуваат врската што сега ја споделувам со мојот ангел. Нема поголема љубов од оваа“, напиша славната манекенка.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)


Сè уште не е познато дали бебето е биолошко дете на славната манекенка или станува збор за посвојување или за сурогат мајчинство.

Кембел неодамна призна дека постојано размислува колку би било убаво да се има дете.

„Сега кога науката напредуваше, мислам дека можам да го сторам тоа кога сакам. Ќе видам што ќе ми донесе универзумот“, изјави таа неодамна за Метро.

Таа во април беше фотографирана во Њујорк како се шета облечена во тренерки, но на нив воопшто не делува дека е бремена.

 

Поврзани содржини