Мисица со коефициент на интелигенција 146: Ја оставила круната и се вратила на професијата лекарка ФОТО

785

Кој вели дека убавината и интелигенцијата не одат заедно? Баша Мукерје (24) има коефициент на интелигенција 146, а во 2019 година стана Мис Англија.

Сепак, поради новонастанатата ситуација околу пандемијата со коронавирусот убавицата се вратила во татковината за да продолжи лекарската кариера, пренесува Си-eн-eн.






Добивала покани да гостува како амбасадорка во неколку земји каде требало да остане до август оваа година занимавајќи се со хуманитарна работа.

– Ме викаа во Африка, Турција, Индија, Пакистан и во уште неколку азиски земју за да се посветам на хуманитарната работа во различни цели – рекла убавицата за Си-ен-ен.

Кога започна пандемијата, таа се наоѓала во Индија. Бидејќи ситуацијата во Велика Британија се влошувала, Баша добивала сѐ повеќе пораки од поранешни колеги од болницата во која работела. Тие ѝ се жалеле на тешката состојба. Овие пораки, вели убавицата, ја поттикнале да контактира со раководството на болницата и да им каже дека сака да се врати на работа.

Таа смета дека е погрешно да ја носи круната, дури и ако е тоа во добротворни цели, додека луѓето ширум светот умираат од коронавирусот, а нејзините колеги толку многу работат.

– Додека се занимавате со хуманитарната работа, и понатаму од вас се очекува да ја ставите круната и да бидете убави. Сакав да се вратам дома, сакав да се вратам на работа. Затоа имам диплома, а кога е подобро време да го искористам тоа знаење отколку што е сега. Знаев дека можам да помогнам – раскажала таа.

Баша во средата се вратила во Лондон, а пред да се врати на својата професија – лекарка, мора да помине две недели во изолација. Инаку, оваа атрактивна девојка е специјализирана за респираторни болести.

– Никогаш не било подобро времето Мис на Англија да ѝ помогне на Англија во тешките времиња – заклучила мис на Англија.

 

FOTO: Instagram/Printskrin/24sata.hr

Поврзани содржини