Мишел Обама за својот сопруг Барак: Сакав да го фрлам од прозорец!

Имаше моменти кога сакав да го турнам Барак од прозорец. И тоа, намерно го велам, затоа што чувствата се толку интензивни. Но, тоа не значи дека сакав да го напуштам. Тие периоди некогаш можат да траат многу долго, па дури и неколку години - истакнала Мишел Обама.

1,520

Поранешната прва дама на САД упати важна порака до сите млади луѓе на планетета коишто допрва треба да запливаат во брачните води. По повод 28-годишнината од бракот со поранешниот американски претседател Барак Обама, Мишел зборувала за тоа колку треба да се вложи во една врска за истата да трае долго време.

Таа ракажала за нивните брачни падови и воздигнувања што ги доживеале во изминатите 28 години.






– Имаше моменти кога сакав да го турнам Барак од прозорец. И тоа, намерно го велам, затоа што чувствата се толку интензивни. Но, тоа не значи дека сакав да го напуштам. Тие периоди некогаш можат да траат многу долго, па дури и неколку години – истакнала Мишел Обама.

Таа им поделила совети и на генерациите коишто не се толку отворени за проблемите во бракот.

– Младите брачни парови се соочуваат со предизвици и подготвени се да се откажат затоа што мислат дека се скршени. И со тоа сакам да кажам дека и јас и Барак неколкупати бевме скршени. Ако во тие тешки моменти се оддалечував од него, сега би ми недостигала сета оваа убавина која ја уживам – рекла Мишел.

Поврзани содржини
na