МИШЕЛ ОБАМА ИМА ПОДОБРИ БРОЈКИ ОД НЕГО Бајден апсолутно не се повлекува од трката со Трамп
Претходно денеска, „Њујорк Тајмс“ објави дека Бајден му кажал на свој сојузник дека знае дека може да не успее да ја спаси својата кандидатура ако не успее да ја убеди јавноста во наредните денови дека е соодветен за оваа работа, по неговото претставување на дебатите минатата недела. Белата куќа го отфрли ова тврдење како невистинито.
Претседателот на САД, Џо Бајден, нема „апсолутно никаква намера“ да ја повлече својата кандидатура за втор мандат, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.
Демократот Бајден „продолжува да води кампања“ и „останува во трката“, истакна Жан-Пјер на брифингот. На прашање на новинар дали 81-годишниот претседател размислува за повлекување, таа одговори „апсолутно не“.
Претходно денеска, „Њујорк Тајмс“ објави дека Бајден му кажал на свој сојузник дека знае дека може да не успее да ја спаси својата кандидатура ако не успее да ја убеди јавноста во наредните денови дека е соодветен за оваа работа, по неговото претставување на дебатите минатата недела. Белата куќа го отфрли ова тврдење како невистинито.
Во случај Џо Бајден да се откаже од претседателската кандидатура по лошиот настап на минатонеделната дебата со Доналд Трамп, поранешната прва дама Мишел Обама е единствената можност за демократите која според анкетите би го победила Трамп, покажува истражувањето на „Ипсос“.
Мишел Обама, исто така, се наоѓа на врвот на листата на популарност меѓу регистрираните гласачи, додека Трамп и Бајден заостануваат зад неа за повеќе од 10 процентни поени. На прашањето дали Трамп или Бајден треба да се повлечат од кандидатурата по дебатата, речиси тројца од петмина испитаници се согласуваат дека Бајден треба да се повлече, а нешто помалку од половина го кажале истото за Трамп.
Сепак, треба да се напомене дека поранешната прва дама неколкупати јасно изјавила дека нема намера да се кандидира на изборите, а претходно ја нарече работата на претседателот стресна и исцрпувачка, нешто што „не би сакала да си го дозволи“. Во меѓувреме, Белата куќа исклучи каква и да е можност за Бајден да се повлече од изборната трка.