Мисајловски: Недобивањето пари од ЕУ за борба против ковид-19 е срам за владата

Ова е неспособна власт и оваа власт мора да си замине. Затоа наместо многу да се фалат по телевизии, многу време кажуваме дека треба да работат, но не може да работат и оваа власт е криминал и мафијашка и затоа ни требаат предвремени парламентарни избори што поскоро, обвини потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

252

Ова е срамна влада, видовте какви натписи слушнавме и од вицепремиерот за европски прашања дека тие многу добро работеле впрочем и заради тоа не добиле средства, добро се покажале во текот на пандемијата, па потоа слушнавме едно поигрување со интелегенцијата на народот, реагираше потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

– Нема странски инвестиции во Македонија, не сме дел од тие 530 милиони евра од Европската Унија, нема нови фабрики, нема нови реформи, нема нови училишта, сè нема во Македонија. Но најважното од сè е нема ниту Европска Унија во Македонија. Знаете тие колку се фалеа дека ќе имаме бесплатно здравство, колку се фалеа дека ќе биде достапно за сите граѓани, но на крај гледаме дека заборавиле и да аплицираат. Сега зборувам за онаа мерка што ја дава ЕУ за помош на земјите и што се членки, но и оние кои се кандидати за прием во ЕУ. Сега ќе пробуваат на некој начин да се извадат, гледаме, слушам и претседателот Пендаровски пробува некако да се извадат од ова прашање или слично, но што е најважното? Вакцини нема во Македонија и само она што некои земји пријатели ни дадоа, друго ништо нема – рече Мисајловски.

 






Тој порача дека оваа влада е неспособна и дека на државата ѝ требаат што поскоро предвремени парламентарни избори.

– Ова е неспособна власт и оваа власт мора да си замине. Затоа наместо многу да се фалат по телевизии, многу време кажуваме дека треба да работат, но не може да работат и оваа власт е криминал и мафијашка и затоа ни требаат предвремени парламентарни избори што поскоро – додаде тој.

Поврзани содржини