Покачувањето на акцизата за горива покажува дека имаме работа со арамиска влада, и со неспособност да се менаџира со економската криза. Секаде во светот владите даваат на народот помош, само владата на Спасовски и Заев земаат од народот. Само со зголемување на акцизата за горива, на секое просечно семејство владата им одзема една просечна плата од нивниот семеен годишен буџет, рече на прес конференција Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
– Освен тоа зад зголемување на акцизата стојат и поедини бизнис интереси. Постои отворен сомнеж дека лица блиски до власта прават малверзации со екстра лесното гориво. Податоците говорат дека скоро 9 милиони евра изнесува профитот кој се остварува со злоупотреба на продажбата на екстра лесното гориво во Македонија. Имено државата има потреба од 5 милиони литри екстра лесно гориво, а се увезува 55 милиони литри. Каде завршуваат останатите 50 милиони!? Односно близу 9 милиони евра!? Сума која се добива откако 50 милиони литри ќе се помножи со 11 денари, колку што изнесува заработувачката од екстра лесното гориво.
Прашање на кое треба да се одговори додека се зема пари од народот со зголемената акциза кој од врвот на власта со кого дели 9 милиони евра!? Очигледно некој за време на криза книжи дебели профити – рече Мисајловски.
Тој додаде дека бараат итно повлекување на штетната и како што рече, профитерска одлука на владата за зголемување на акцизата за горива.