Мисајловски: Има стотици примери кога Заев едно збори, друго прави

368

Многу пати до сега се случило самиот Заев да биде соочен со вистината, и самиот себе да се демантира во еден ден, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на Фејсбук.

„Можете да пронајдете стотици примери каде што изјавил едно, а сторил друго. Пред камери кажал едно, а позади нив нешто сосема друго. Вистината е следна, имаме работа со човек без никакви морални и етички рамки, без вредности и без совест. Такви се и соработниците, го следат примерот на предводникот чие поведение стана систем на вредности во СДСМ и во владата. Се лаже, се манипулира, се краде, се уценува. „Зашто да не прават тие, кога прави тој ?” – е реченицата која е акцент на ова однесување. Ама има решение. Решението е во народот. Особено во оние кои беа со него, а досега безброј пати ги изневери, ги навреди и разочара. Што им нанесе срам затоа што некогаш, можеби од лични мотиви го поддржале. Не се повлекувајте. Излезете на избори и казнете го со пенкало. Испратете го во историјата, како тој што направи со вашите очекувања. Покажете дека сте поинакви од начинот на кој што ве опишува насекаде. Дека не сте „негови”. Време е за промени, дадете и шанса на Македонија да се исправи!, пишува Мисајловски.






Поврзани содржини