МИРНО МОМЧЕ, ОД СЕМЕЈСТВО НА ГОЛЕМИ ПОДДРЖУВАЧИ НА ТРАМП Излегуваат детали за убиениот пред вилата Мар-а-Лаго
Истражителите работат на изработка на психолошки профил на Такер, а мотивот сè уште е предмет на истрага. На прашањето дали лицето било познато на полицијата, шерифот Бредшо одговори: „Не, во овој момент.“
Вооружен младич денеска го проби безбедносен периметар на Мар-а-Лаго, одморалиштето на американскиот претседател Доналд Трамп во Палм Бич, Флорида, пред да биде убиен од огнено оружје денеска (недела) рано наутро. Момчето, во раните дваесетти години од Северна Каролина, според полицијата, имало канистер со бензин и пушка со еден куршум. Идентификуван е како 21-годишниот Остин Такер Мартин (Austin Tucker Martin), кого неговото семејство го пријавило за исчезнат неколку дена претходно. Истражителите веруваат дека се упатил кон југ и по патот набавил пушка со еден куршум. Полицијата подоцна изјави дека во возилото била пронајдена кутија за оружје.
Такер, наводно, влегол низ северната врата на имотот во моментот кога друго возило излегувало, и бил запрен од двајца агенти на тајната служба, како и еден заменик шериф на округот Палм Бич.
– Му беше наредено да ги испушти двата предмета што ги имаше кај себе. Тогаш го спушти канистерот со бензин и ја подигна пушката за пукање. Двајцата агенти и заменик шерифот употребија оружје за да ја неутрализираат заканата – рече Рик Бредшо, шериф на округот.
ФБИ ги повика жителите кои живеат во близина на Мар-а-Лаго да ги проверат своите безбедносни камери за да утврдат дали имаат снимки кои би можеле да им помогнат на истражителите. Истражителите работат на изработка на психолошки профил на Такер, а мотивот сè уште е предмет на истрага. На прашањето дали лицето било познато на полицијата, шерифот Бредшо одговори: „Не, во овој момент.“
Брејден Филдс (Braeden Fields), роднина на Мартин, реагирал со неверување. Во изјава за Пи-Би-Си Њуз (PBC News) тој го опиша Мартин како тивок млад човек, кој се плашел од оружје и потекнувал од семејство на големи приврзаници на Трамп.
– Тој е добро момче. Не можам да верувам дека би направил нешто такво. Тоа е неверојатно – рече 19-годишниот Филдс, додавајќи дека заедно пораснале.
Според Филдс, Мартин работел на локално игралиште за голф и дека од секоја плата испраќал пари за добротворни цели.
– Не би повредил ни мравка, не знае ни како се користи оружје – вели Филдс, додавајќи дека неговиот роднина не зборувал за политика.
– Ние сме големи приврзаници на Трамп, сите ние во фамилијата. Сите. Мартин беше многу тивок, никогаш не зборуваше за политика, а всушност, не зборуваше многу за ништо – изјавил младиот Филдс.
Трамп порано се соочувал со закани по животот, вклучувајќи два обиди за атентат за време на кампањата во 2024 година. Иако претседателот често ги поминува викендите во неговото одморалиште, тој и првата дама Меланија Трамп биле во Белата куќа во Вашингтон кога дошло до пукањето во Мар-а-Лаго.