МИРНО КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА! До ДИК не е поднесен ниеден приговор за двојните избори на 8 мај
ДИК по завршувањето на роквите, доколку нема приговори ќе го достави извештајот со конечните рзултати од претседателските избори до Собранието, а потоа се очекува претседателот на Парламентот, Јован Митрески да ја закаже седницата во недела напладне за инаугурација на новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова.
До Државната изборна комисија (ДИК) до 15.30 часот не се поднесени приговори за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните изобри, информират за МИА од ДИК.
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска посочува дека рокот за избирачко право, за претседателските изобри завршува во 19 часот, а за сумирање на резултатите во 22.30 часот, додека за парламентарните избори тоа се 19 часот и 23. 30 часот.
ДИК по завршувањето на овие рокви, доколку нема приговори ќе го достави извештајот со конечните рзултати од претседателските избори до Собранието, а потоа се очекува претседателот на Парламентот, Јован Митрески да ја закаже седницата во недела напладне за инаугурација на новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова.
На 8 мај во земјава се одржаа двојни избори, вториот круг од претседателските избори на кои победи кадидатката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова пред Стево Пендаровски од СДСМ и прламентарните избори на кои најмногу пратенички места освои ВМРО-ДПМНЕ.