Министре Филипче, погледни на што ти личи Интерната клиника, тешка гадотија! (ГАЛЕРИЈА)

3,402

Некаде од почетокот на коронакризата, добар дел од здравствените работници во Клиничкиот центар во Скопје одеа на работа, пиеја кафиња да го „убијат“ денот и чекаа да дојде време да си одат дома. „Мој термин“ беше укинат. Во исто време, нивните колеги од Инфективната клиника и од некои други клиники, буквално изгореа од работа.

Никој не се сети дека лекарите и сестрите можат да засукаат ракави и барем малку да ги средат клиниките, за да не личат како што личат Интерните клиники, на пример. Еве неколку фотографии, за да се види каков срам е овој објект денес.






На главниот влез на Интерно ве дочекува ваков таван:

Вака изгледаат електричните инсталации. Еден кревет осамен чека да добие распоред:

Додека чекате можете да се напиете кафе од кафемат. Еве овде:

Можете и да пушите. Неформално место за фрлање опушоци:

На крајот, ѓубрето можете да го фрлите еве овде:

Министре Венко Филипче, вака ли треба да изгледа клиника во најпрестижната медицинска институција во земјава? Толку ли е тешко да се отстранат овие гадотии и да се направи малку ред? Не е ли ова срамно?

 

 

 

Поврзани содржини