МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА СЕ ПРЕДОМИСЛИ Оваа година нема да има групни помилувања

Во Министерството за правда постои работна група која работи на составување на нов предлог-закон за помилување, со кој ќе се зацврснат критериумите и ќе се дефинираат нови построги услови за тој кој може да биде помилуван, се вели во соопштението.

505

По консултација со Управата за извршување на санкциите, Министерството за правда одлучи оваа година да не проследи предлог за новогодишни групни помилувања, односно листата целосно се поништува.

– Ова се прави со цел да се даде време најнапред да се допрецизираат критериумите и законски да се зајакнат филтрите во однос на тоа како се составуваат листите со предлози на лица кој треба да бидат помилувани – се вели во соопштението од министерството.






Во Министерството за правда постои работна група која работи на составување на нов предлог-закон за помилување, со кој ќе се зацврснат критериумите и ќе се дефинираат нови построги услови за тој кој може да биде помилуван.

– Со тоа сметаме дека ќе минимизираат шансите на овие листи во иднина да се најдат лица кои во јавноста предизвикуваат сомнеж за нормалното функционирање на правниот систем – додаваат од Правда.

Претходно, претседателот на државата, Стево Пендаровски во изјава посочи дека поради техничка грешка од Министерството за правда било побарано да им се врати списокот со имињата на затворениците кои биле предложени за помилување.

– Списокот е со допис писмен вратен во Министерството за правда. Сега од нив зависи кога ќе го враќаат ревидиран повторно кај нас и кога ќе биде закажана Комисијата за помилување – посочи Пендаровски.

Шефот на државата, Стево Пендаровски, денеска рече дека се задолжителни помилувањата за Нова година и за 2 Август – Илинден. Според неговата изјава, помилувања мора да има зошто секогаш има барања за тоа, но теоретски може да се случи тој да не прифати ниту еден предлог.

– Во текот на годината, пет-шест пати има т.н. редовни помилувања, а двапати се задолжителни – ги нарекуваме празнични или колективни по повод Нова година или 2 Август. Помилувања во принцип мора да има затоа што секогаш има барања. Теоретски, може да добиете 30 или 50 предлози, а да не прифатите ниту еден. Морам да објаснам дека има неколку нивоа пред тоа да дојде кај претседателот. Управите кажуваат за лица кои отслужуваат казна затвор и даваат свое мислење. Понатаму тоа оди кон Министерството за правда и тие даваат свое мислење за ова што затворите го предлагаат. Третото ниво е постојаната Комисијата во Кабинетот на претседателот. Јас сум четврто ниво. Независно од тоа какви се претходните одлуки на управите на затворите, што предлагаат тие, а што Министерството за правда, независно што вели мојата Комисијата во кабинетот, јас можам да одлучам како сакам – можам да прифатам, можам да одбијам – вели Пендаровски.

Поврзани содржини