Министерот Нуредини е во самоизолација, ќе работи од дома

465

Министерот за животна средина Насер Нуредини преку Фејсбук информира дека поради деловен контакт со позитивно лице тој  од вчера е во самоизолација.Би сакал да ве известам дека заради претпазливост од вчера изутрина сум во самоизолација.

– Бев информиран дека лицето со кое имав работна средба во вторникот добило позитивен резултат од тестот за ковид-19 и иако беа испочитувани протоколите за држење физичка дистанца, бев потенцијално изложен на вирусот. Се тестирав вчера изутрина и со цел да не го ризикувам здравјето и благосостојбата на останатите останав дома. Резултатот од тестот е негативен, но во согласност со препораката добиена од епидемиолозите, ќе останам во самоизолација во деновите кои претстојат и ќе работам од дома. Ви посакувам добро здравје на сите и искрено ве замолувам да водите грижа за вас и сите околу вас, напиша Нуредини.






https://www.facebook.com/nasernurediniofficial/posts/150753210101652

Поврзани содржини