МИНИСТЕРКЕ, ТЕШКО СЕ ЗЕМА БУГАРСКО ГРАЖДАНСТВО, А УШТЕ ПОТЕШКО СЕ ОТКАЖУВА Уште три члена на семејството на Сања Божиновска имаат бугарско државјанство

Агенцијата БГНЕС потстетува дека поднесувањето барање за ослободување од бугарско државјанство не води до автоматско завршување на постапката, туку тоа се прави преку посебен декрет. Тоа важи и за сегашните бугарски државјани родени во странство, како и за Бугарите кои се родени на територијата на денешна Бугарија.

5,090

Таткото Перо, мајката Виолета и братот Даниел, како и самата министерка за енергетика Сања Божиновска, се носители на бугарски пасош, тврди агенцијата БГНЕС, повикувајќи се на извори од Министерството за правда.

„Во јуни годинава стана јасно дека таа води фирма во Хрватска со бугарски пасош. Проверка на колегите од Радио Слободна Европа покажа дека т.н. експертка за енергија продавала и хулахопки“, се тврди во написот.






Наводите за бугарско државјанство на Божиновска предизвикаа реакции во македонската јавност. Божиновска на Фејсбук напиша дека е родена во Скопје и дека „е Македонка и секогаш ќе биде Македонка и тоа никој ниту може, ниту смее да ѝ го оспори“.

Објавен е и документ кој покажува дека Божиновска лани на 14 јуни побарала  побарала отпуст од бугарско државјанство.

Уште пред да стане, министерка Божиновска рече дека во нејзината официјална биографија е јасно наведено дека е македонска државјанка и дека поседува и чешко државјанство.

На новинарско прашање, минатата недела министерката кусо одговори дека ќе се консултира со адвокат дали да го објави документот со кој ќе потврди дека веќе не е бугарска државјанка.

Во написот БГНЕС потстетува дека поднесувањето барање за ослободување од бугарско државјанство не води до автоматско завршување на постапката, а дека тоа се прави преку посебен декрет и важи и за сегашните бугарски државјани родени во странство и за Бугарите кои се родени на територијата на денешна Бугарија.

„За конкретното лице (Божиновска) до денес не е издаден указ за ослободување од државјанство. Издавањето на таков указ се врши по темелна проверка за секаков вид на обврски на барателот. Потврдата, вклучително и данокот и имотот, се однесува на сите земји каде што престојувало лицето. Надлежните институции проверуваат и можни кривични постапки“, се вели во текстот.

БГНЕС потсетува дека доколку на Божиновска ѝ треба правна или друга помош, може да се обрати до бугарската амбасада во Скопје, која е должна да ѝ пружи помош.

 

Поврзани содржини