МИНИМАЛНО ПОСКАПЕА ГОРИВАТА Порастот на берзанската цена на нафтата ќе го видиме во следната одлука на регулаторите
Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, пред три дена (петок) кога почна конфликтот меѓу Израел и Иран, најави дека зголемувањето на цените за оваа недела нема да бидат драстични, но доколку конфликтот потрае, рече дека е можно веќе наредната одлука за цената на нафтените деривати да биде подрастична.
Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми цените на горивата и мазутот, а ја намали цената на нафтата за горење.
Според одлуката бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари по литар, а мазутот за 1,3 денари по килограм.
Така малопродажната цена на бензинот од типот „еуросупер-95“ од полноќ ќе изнесува 76 денари, литар бензин од типот „еуросупер-98 ќе чини 78 денари, додека пак дизелот ќе има цена од 67,5 денари.
Мазутот поскапува за 1,3 денари и ќе чини 39,8 денари по килограм.
За 1 денар поевтинува Екстралесното масло за домаќинство , па неговата цена ќе изнесува 67,5 денари по литар.
Регулаторната комисија наведе дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,088% или за 28,050 $/тон, кај дизелот зголемувањето е во просек за 5,626% или за 34,800 $/тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 5,127% или за 31,600 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 5,691% или за 23,750 $/тон.
Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, пред три дена (петок) кога почна конфликтот меѓу Израел и Иран што влијаеше да се зголеми берзанската цена на нафтата, рече дека зголемувањето на цените за оваа недела нема да бидат драстични, но доколку конфликтот потрае, рече дека е можно веќе наредната одлука за цената на нафтените деривати да биде подрастична.
– Апсолутно ќе има влијанија, да видиме како ќе се одрази во следните денови. За следната недела не верувам дека ќе има некое драстично влијание кога ќе ја носиме одлуката, но понатаму доколку продолжи ваквиот тренд на високи цени на нафтените деривати. Апсолутно дека ќе има влијание и на цената која што ќе ја плаќаат корисниците во Македонија – изјави денеска Бислимовски.