МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЌЕ СЕ ЗНАЕ НА КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ Се утврдува репрезентативност на синдикатите

Министерот за економија Бесар Дурмиши објасни дека по утврдување на репрезентативноста на синдикатите веднаш ќе се свика економско социјалниот совет за да ја утврди минималната плата.

169

До крајот на месецов треба да се направат пресметките и да се утврди висината на минималната платата и во таа насока веќе е формирана Комисијата за утврдување на репрезентативноста на синдикатите, изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на денешната прес-конфеенција.

Тој очекува Комисијата брзо да ја утврди репрезентативноста на синдикатите.






-Комисијата почнаа со работа за да одбере кој синдикат ги исполнува условите за да биде репрезентативен. Имаат многу работа затоа што треба да проверат многу документи, но таа комисија веќе е формирана и веќе работат на тоа. Сепак, сега за сега согласно законот кој е во сила до крајот на месецов треба да се утврди вредноста на минималната плата и покрај тоа што имаме ситуација без репрезентативност на синдикатите – рече Дурмиши.

Дурмиши објасни дека по утврдување на репрезентативноста ќе се свика економско социјалниот совет за да ја утврди минималната плата.

-По утврдувањето на репрезентативноста веднаш ќе го свикаме Економско социјалниот совет на кој ќе ја отвориме како тема минималната плата. Доколку работодавачите и синдикатите се договорат за друг начин на утврдување или друга вредност на минималната плата ние ќе бидеме таму за да им помогнеме на двете страни – рече Дурмиши.

 

Поврзани содржини